Добредојдовте во домот на Вита-Ве

Приватната установа за грижа и нега на стари лица која функционира од 2008 год. како прва лиценцирана по сите стандарди и услови кои се потребни за едно старо лице да се чувствува среќно, задоволно и сигурно.

“Вита-Ве” е лиценцирана установа за социјална заштита на стари лица од МТСП со одобрение и одлука на владата бр.147/07 од 2007год. и решение за работа од 9.07.2008 год.

Нашето Мото

Достоинство пред се

— Вита Ве

Нашите карактеристики

    Со повеќегодишното искуство Домот Вита-Ве нуди 24/7 лична помош во домашна, релаксирана и сигурна средина.

  • Трпезарија за добивање на сите оброци во текот на денот
  • Исхрана-3 главни оброка со ужина помеѓу нив
  • Фризерски и козметички услуги, педикир и маникир 
  • Културно забавна програма
  • Топла и пријатна домашна атмосфера
  • Социјална грижа
  • Фискултурно рекреативни вежби (активни и пасивни)
  • Одбележување на разни пригоди-родендени, слави, Нова година, Бадник, Божиќ
  • Посета од културни друштва и оркестри, О.У. со различни програми и приредби
  • Туристички посети на места по нивен избор
  • Консултации од лекари со различна специјалност-стоматолог, интернист, лекар од општа пракса, лабораторија, невропсихијатар, уролог.
  • Располагаме со еднокреветни, двокреветни и трокреветни соби опремени со:
    засебен туш, ТВ, СОС, централна климатизација, кревети со механизам на положба, различни ортопедски помагала и душеци, пространа трпезарија, неколку дневни соби за релаксација, направи за физички активности, лифт за транспорт на лица, прекрасно дворно место за прошетки, дневни активности и дружење.

Дозволете си и вие да бидете дел од нас каде што ние ја знаеме тежината на староста, да не бидете сами и осамени, повелете во нашата установа и заедно да чекориме по патеката на златното време.

Зошто да го одберете Вита-Ве?

Вита-Ве нуди пријатна, безбедна и пријателска средина, каде што старите лица можат да си ја задржат нивната независност, доколку тие сакаат, но имаат пристап до поддршка кога им е потребно.

Целта на нашиот дом е да се задржи квалитетот на животот на нашите корисници. Приватноста на нашите корисници е на високо ниво на нашата листа на приоритети.

Со седиште на ул. Бутелска 29 бр. 5 Вита-Ве се наоѓа на влезот во населба Радишани далеку од големата бучава, метеж и загаденост на градот Скопје а сепак само 7km оддалеченост од центарот на градот. Локацијата е согласно високите критериуми за достапност и инфраструктурна поврзаност, а сепак заштитено од гужва и метеж.

Домот за стари лица Вита-Ве ви нуди можност за комплетна релаксација во мир, тишина и прекрасно хортикултурно уреден двор со летниковец, прекрасна фонтана, дрвени клупи, лулашки, патеки за прошетки кои се уредно осветлени со кандилабри, а зелената површина, цвеќето и зимзелените дрвја се посебна бајка која со зборови неможе да се доживее, треба само да се види и ужива а со тоа да се зајакне и впечатокот за идеалното место за вас, вашите родители или блиски пријатели.

Објектот е во приватна сопственост и располага со над 700m2 станбен објект и над 600m2 дворно место. Сите простории се опремени по европски стандарди и правилник за установи за социјална заштита. Објектот располага со едно, дво и трокреветни соби опремени со ТВ приемник поврзан со сателитска антена, радио приемник, климатизер, противпожарен апарат, копче за повик на медицинска сестра, кревети со механизам за подигање, медицински душеци кои се исклучително важни за клиенти со ревматски болки, одземеност на дел од телото или целосна парализа од различни причини итн., наткасна, шкаф, над светло.

Ладење и греење со најсовремен систем 24 часа на ден, така што постојано има топла вода со што се овозможува целосна хигиена во секое време кога и да е потребно. Дневниот простор е место каде што сите клиенти го поминуваат поголемиот дел од денот во една пријатна атмосфера со удобен и конфорен мебел, опкружени со прекрасни уметнички дела кои ги красат ѕидовите. Тоа е место за секојдневен оброк, забава, релаксација, читање книги, дневни весници, слушање музика, разговор и др.